На 02.07.2025 во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода лице од Радовиш. Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. Post navigation СДСМ објави нова листа со имиња на кандидати за градоначалници Поставување на мерки за смирување на сообраќајот со издигнати пешачки премини на улици во Радовиш