УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНА „ОДБОЈКАРСКАТА УЧИЛИШНА ЛИГА 2018“ Во организација на Општинскиот училишен спортски сојуз, а под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Герасим Конзулов во текот на месец мај за прв пат беше организирана „Општинската училишна лига во Одбојка„ за ученици од основните училишта. Во оваа лига учествуваа сите основни училишта, а како најуспешни се издвоија ООУ „Никола Карев“, ООУ „Крсте П. Мисирков“ и ООУ “Коста Рацин“ од Подареш. Во оваа „Училишна одбојкарска лига 2018“ кој и да беше прв немаше да биде незаслужено од овие три училишта бидејки конечниот пласман беше идентичен во сите организирани и одиграни натпревари за трите екипи, затоа мораше со ждребка да се одлучува за првопласираниот. ООУ „Никола Карев“ ООУ „Крсте П. Мисирков“ ООУ „Коста Рацин“ Имено истите училишта на државното првенство и на државната училишна лига ги освоија првите две места. Честитки до учениците и менторите за овие успеси и успешната организација. Post navigation „ЛЕТНА КУЛТУРНА СЦЕНА 2018“ ОДРЖАН ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ