Општина Конче и Градоначалникот Златко Ристов потпишаа три договори со Владата на Република Македонија за реализација на проекти

 

Со вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес склучивме tr договори со вредност над 23 000 000 денари и тоа:

1.Поставување на фотоволтаична централа на општинска зграда до 40 kw

2.Регулација на речно корито на речен канал во с.Ракитец и

3.Изградба на речен канал во с.Дедино.

Со овие проекти ја продолжуваме изградбата на инфраструктурни проекти во општина Конче и ќе заокружиме успешна година со капитални проекти и реализација на успешен буџет преку кој граѓаните добиваат грижа за животната средина и добиваат квалитетни места за живеење – информираше Градоначалникот Златко Ристов.

 


error: Содржината е заштитена !!