Секое семејство во општина Конче ќе добие канта за отпадоци. Општина Конче и ЈКП „Лаквица“ набавија канти за отпад, кантите ќе бидат доделени на секое домаќинство и ќе биде формирана екипа за организирано собирање на отпадот од домаќинствата, по овие мерки исто така ќе бидат зачестени и инспекциските контроли на терен. И кантите и тракторот се обезбедени преку проектот ,,Унапредување на општинското владеење’ финансиран од Е.У имплементиран од УНДП. Свое учество со 473.550 денари има и општината. Во рамките на проектот се обезбедени вкупно 800 канти за отпадоци и како што велат од Локалната самоуправа тие ќе бидат поделени на секое домаќинство во општина Конче. Ќе се врши и организирано собирање на отпадот. Post navigation ЏУДО КЛУБОТ „СЕНСЕИ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ПИОНЕРИ И СЕНИОРИ РК РАДОВИШ ГО ЗАПОЧНУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО