Со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето, во Радовиш беше одбележан 4 мај – денот на загинувањето на најголемиот македонски револуционер и основоположник на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев. На почетокот од страна на учениците од ООУ „Крсте П. Мисирков“ од Радовиш одржаа „Беседа за Гоце Делчев“.

Свежо цвеќе положи делегација на Општина Радовиш предводена од Градоначалникот Љупче Почивалец, Пратеничката Моника Трајанова, делегација на Советот на Општина Радовиш предводена од Претседателот Гоце Дединец, делагации од политичките партии, Сојузот на борците и Сојузот на пензионерите и делегација на Здружението на заштита на човековите права.

Слава му.

 

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!