Градоначалникот Љупче Почивалец денеска присуствуваше на настанот на кој се потпишаа трипартитните договори за проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“. Овој проект веќе 18 години создава еднакви можности за децата Роми на возраст од 3 до 6 години, обезбедувајќи им бесплатен пристап до предучилишно образование, поддршка во социјализацијата и поголема вклученост во образовниот процес. Досега над 5.000 деца од ромската заедница беа вклучени во градинките во 20 општини, со поддршка од 20 негувателки Ромки и 17 медијатори, кои успешно ја олеснуваат нивната интеграција во редовни, инклузивни групи – без никаква сегрегација. Проектот е признат од Ромскиот Образовен Фонд како еден од најуспешните, а Европската комисија го истакнува како позитивен пример за унапредување на образованието кај ромската заедница. Од 2019 година, преку системски пристап, општините ги ослободуваат родителите од партиципација, а Министерството за социјална политика, демографија и млади го обезбедува престојот преку блок-дотации. Инвестицијата во раниот детски развој е инвестиција во иднината. Продолжуваме посветено, во согласност со „Декадата за вклучување на Ромите“ и „Познан Декларацијата“, да работиме на поголема инклузија и еднакви можности за сите деца. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Настанат пожар во патничко возило во Радовиш Советот на општина Радовиш ја одржа шестата седница