Во продолжението од пролетниот дел на сезоната, денес во Велес беше одигран натпреварот помеѓу ФК Борец и ФК Плачковица. Екипата на Борец со оваа победа ја продолжи борбата за првото место откако дојде до три нови бода во мечот против Плачковица (4-1). Уште по првиот дел резултатот беше 2-0, а во второто полувреме додадоа уште два гола. Понуда која не се пропушта ! Стрелци на головите беа Тони Мирчевски, Ацевски Андреј по еден, а два погодоци постигна Марко Ѓорѓиевски. Единствениот погодок за гостите го постигна капитенот, Мартин Петров. Post navigation Следуваат четири споени неработни денови 26 КРВОДАРИТЕЛИ ОД ДЕНЕШНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА