Советот на општина Радовиш денеска ќе ја одржа својата 57 работна седница. На оваа седница предвиден е Дневен ред од 26 точки, меѓу кои и точка за поставување на Советнички прашања доставени од граѓаните од Радовиш и населените месата до Советниците кои се во Советот овој мандат, и потребно е да им достават одговори и појаснувања од институциите и надлежните органи. Според Советниците, овие Советнички прашања и одговори се болна точка на сите советници кои изминатиот период многу ретко добиваа одговор и повратно ги информираа граѓаните за проблемите и можните решенија за решавање. Седницата ќе се одржи во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш со почеток од 14.00 часот. ДНЕВЕН РЕД – РЕШЕНИЕ 57 СЕДНИЦА *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation БЕЗ МАСКИ НА ОТВОРЕНО ОД УТРЕ, ОЛАБАВУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ОДРЖАНА 57 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ