Средба на жени од руралните заедници со претставнички од Клубот на пратенички при Собранието на Македонија Асоцијацијата за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ – Радовиш, заедно со активистки од женските кружоци во Злеово и Лубница, како и претставнички на уште осум локални женски организации, на 05 декември 2025 година остварија средба со претставнички од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности при Собранието на Република Македонија. На средбата првпат беше директно слушнат гласот на 16 жени активистки од руралните средини, кои отворено ги споделија своите искуства, проблеми и предизвици со кои секојдневно се соочуваат, но и дадоа конкретни предлози за подобрување на локалната демократија и условите за живот на жените во руралните заедници. Присутните женски организации истакнаа дека за да се обезбеди реално и суштинско учество на жените во процесите на планирање, консултирање и донесување одлуки на локално ниво, неопходни се реформи на Законот за локална самоуправа, со воведување повеќе фазна постапка за учество на граѓаните и посебни механизми кои ќе гарантираат женско учество. Дополнително, беше нагласена и потребата од јакнење и формализирање на месната самоуправа, преку: обезбедување реални просторни и финансиски ресурси, родово балансирано претставување, создавање услови жените активно да се вклучат во работата и одлучувањето во месните заедници. Женските организации порачаа дека локалните проблеми како што се водоснабдувањето, пристапот до јавни услуги, економската активност и учеството во одлучувањето не се само локални, туку прашања од национален интерес и мора да бидат адресирани преку системски политики кои ги земаат предвид специфичните потреби на жените од руралните средини. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Македонија го празнува Св. Климент Охридски На „Калаузлиска“ во Радовиш нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка