Во недела Риболовниот клуб Крап од Радовиш го организира традиционалниот Општински натпревар во спортски риболов во дисциплината Пливка, кој ќе се одржи на езерото Мантово (претходно од организаторот беше објавено дека ќе биде на езерото Конче, но поради подобрите услови на натпреварувачката патека ќе биде на Мантово). Сите заинтересирани Рибловци кои сакат да учествуват на овој натпревар треба да се пријават најдоцна до 26.04.2018 год. (Четврток). За најдобрите следуваат награди и признанија. Покровител на овој традиционален општински натпревар во спортски риболов е Општина Радовиш. Post navigation АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА КОН ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ФК ПЛАЧКОВИЦА СО ПОБЕДА ПРОТИВ ФК ОСОГОВО