На 13.12.2025 во 17:40 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишиле од слобода 41 – годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.12.2025 во 21:00 часот во Полициската станица Радовиш, Р.Р.(55) од село Злеово, радовишко, пријавил дека околу 11:30 часот во село Злеово бил физички нападнат од Т.Ч. од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Струмица на улицата „8 Септември“ во Радовиш го лишиле од слобода 60-годишниот В.К. 

Приведувањето следело по преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал В.К. со патничко возило „џип“ со радовишки регистарски ознаки. При контролата било констатирано дека возачот бил под дејство на алкохол, а анализата покажала 1,63 промили алкохол во крвта, што го надминува законски дозволениот лимит.

Мерките на полицијата продолжуваат, а против В.К. ќе следува соодветна постапка според законските прописи за управување возило под дејство на алкохол.

Информираат од МВР
*фото Архива

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!