На 01.03.2026 во 12:55 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.М.од радовишко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксфаген“ со радовишки регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола. Дополнително, од извршено мерење со дрегер е утврдено дека тој возилото го управувал под дејство на алкохол, односно со 1,73 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, са настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Ново зголемување на цените на горивата од полноќ, сходно растот на цените на нафтата Радовиш против Алкалоид – Познати се групите во Купот на Македонија