Второлигашот ФК Детонит сериозно се подготвува за својата дебитантска сезона во Втората лига – Исток. Како што најавивме на новото тренерско место дојде Ратко Јанушев, а од управата најавија уште седум нови имиња пред стартот на второлигашкото натпреварување. Најголемо засилување досега за тимот е поранешниот стопер на Работнички и Беласица, Александар Василев, а нови имиња се и Славчо Јанев, Глигор Николов и Марјан Таранинов кои дојдоа од ФК Плачковица, како и Драган Мисовски и Наум Блажевски од Василево – Струмица, и Александар Трајчевски кој пристигна од младинската школа на Вардар. Post navigation ОДРЖАНА 15. РАБОТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ РАДОВИШ: ОБНОВУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА