Градоначалникот Љупче Почивалец денеска ја посети Противпожарната единица во Радовиш, каде упати искрени честитки по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите, до сите пожарникари, како и голема благодарност за нивната несебична, храбра и пожртвувана вклученост во справувањето со новонастанатата ситуација со пожарот на депонијата и нејзиното целосно санирање. Нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност се од огромно значење за безбедноста на граѓаните и заштитата на животната средина. Градоначалникот им посака многу здравје, сила, успех и што помалку интервенции во иднина. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денеска се одбележува 20-ти мај „Светскиот ден на Пчелата“