Јапонско јаболко е овошје кое станува вкусно за јадење во овој период од годината, кога на организмот му е потребна храна богата со витамини и минерали, за да се заштити од претстојната сезона на настинки и вируси. Јапонско јаболко или Diospyros претставува листопадно дрво, чии плодови кога се зрели, се одликуваат со жолто-портокалова до темна жолто-црвена боја и пријатен и сладок вкус сличен на кајсија. Се нарекува „храна на боговите“ што потекнува од неговото име Diospyros (грчки), а во Јапонија е попознато како каки овошје. Потекнува од Кина, каде се одгледува со векови. Потоа се шири во Кореја и Јапонија, а оттука низ целиот свет. Плодовите се берат доцна наесен, но и по берењето може да бидат тврди и со лош вкус, па ако ги пробате веднаш, ќе се разочарате. Затоа се чуваат додека не созреат и не добијат сјаен и слаткаст изглед. Откога ќе омекнат, се подготвени за јадење (ова важи за адстрингентиот вид). Може да се јадат свежи или сушени. Зрелите плодови имаат висока хранлива вредност, ниска киселост и изобилуваат со витамини (Ц, Б2, А, Б1, Е) и минерали (јод, калциум, калиум, магнезиум, цинк, манган, железо) заради што во минатото се користеле во борба против скорбут и гушавост. Исто така содржат и јаглехидрати (фруктоза), растителни влакна, ликопен, зеаксантин, лутеин и аминокиселини. Еве зошто треба да го консумирате овој вкусен и сочен есенски плод: Помага во намалување на нивото на холестерол во крвта и овозможува нормална работа на цревата. Свеж плод или сокот од плодот се препорачуваат за лекување на хроничен запек, воспалителни процеси и инфекции на цревата, нарушено празнење особено за време на патување или промена на клима, хемороиди, болести на желудник (гастроентеритис, лошо варење), болести на жолчка, замастен црн дроб. Делува против-воспалително и антихеморагично (спречува крварење од малите крвни садови) заради присутните полифенолни антиоксиданси – катехини и галокатехини. Содржи значајна анти-канцер состојка, бетулинска киселина. Свежите јапонски јаболки содржат силни антиоксиданси кои го заштитуваат телото од про-инфламаторни слободни радикали и превенираат појава на разни болести, инфекции, стареење и ја зголемуваат неговата отпорност. Содржи големо количество селен кој е добро познат силен антиоксиданс. Заради ова, по хаваријата на нуклеарната центарала во Чернобил, големи количини јапонски јаболка биле откупени од украинските трговци. Листовите се користат како добар адстрингент (својство на стегање на ткивото) при лекување на разни тегоби. Плодот пак се препорачува како антитусик, адрстрингенс, лаксатив и стомахик. Доколку плодот се вари, тогаш со него се лечи дијареа. Се користи при висок притисок, болести на нервниот систем (за смирување и релаксација), висока температура и икање. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Започнаа 51. Караманови поетски средби. Вечерва свеченото доделување на наградите Претставување на книгите за деца „Големата мечка“ и „Приказни за деца и животни“