Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население. Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци. Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби. Според бројот на жители најмала општина е Зрновци – 2086 жители додека на првото место според бројот на жители предводи општина Куманово која е дом на 98 104, а Битола е на второто место 85 164, зад неа е Тетово со 84 770 жители, а во скопската општина Аеродром се регистрирани 77, 735, покажуваат податоците од последниот попис. Скопје е град во кој безмалку живее една третина од целата популација. Главниот град е дом на 526 502 граѓани со евидентирани 171 171 домаќинства. Скопје предводи и во бројот на станови – 213 850 станови. 72 лица живеат на на еден километар квадратен , а граѓаните поседуваат 839 174 – станови во целата земја. Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Македонија, по општини – Попис 2021 Општина Вкупно резидентно население Домаќинства Станови Македонија 1 836 713 598 632 839 174 Скопје 526 502 171 171 213 850 Аеродром 77 735 27 895 35 337 Бутел 37 968 10 968 12 324 Гази Баба 69 626 22 509 26 543 Ѓорче Петров 44 844 15 524 18 201 Карпош 63 760 24 589 32 115 Кисела Вода 61 965 22 096 27 403 Сарај 38 399 8 639 10 375 Центар 43 893 17 068 27 065 Чаир 62 586 15 779 17 771 Шуто Оризари 25 726 6 104 6 716 Арачиново 12 676 2 848 2 815 Берово 10 890 4 143 8 683 Битола 85 164 30 154 43 724 Богданци 7 339 2 611 3 048 Боговиње 22 906 6 457 7 759 Босилово 11 508 3 801 5 760 Брвеница 13 645 3 459 4 783 Валандово 10 508 3 453 4 273 Василево 10 552 3 556 4 317 Вевчани 2 359 661 948 Велес 48 463 16 566 18 630 Виница 14 475 5 024 7 314 Врапчиште 19 842 5 155 7 509 Гевгелија 21 582 8 386 10 833 Гостивар 59 770 20 054 27 945 Градско 3 233 978 1 427 Дебар 15 412 4 157 6 130 Дебрца 3 719 1 350 4 460 Делчево 13 585 4 898 6 403 Демир Капија 3 777 1 443 2 219 Демир Хисар 7 260 2 526 6 583 Дојран 3 084 1 066 3 147 Долнени 13 126 3 559 5 174 Желино 18 988 4 266 6 379 Зелениково 3 361 957 1 609 Зрновци 2 086 801 1 585 Илинден 17 435 5 481 6 628 Јегуновце 8 895 2 658 3 465 Кавадарци 35 733 12 375 14 917 Карбинци 3 420 1 302 2 274 Кичево 39 669 13 787 24 872 Конче 2 725 954 1 048 Кочани 31 602 12 006 18 451 Кратово 7 545 2 886 5 513 Крива Паланка 18 059 6 984 11 614 Кривогаштани 5 167 1 675 2 379 Крушево 8 385 2 467 3 655 Куманово 98 104 30 450 38 147 Липково 22 308 5 412 7 080 Лозово 2 264 795 1 183 Маврово и Ростуше 5 042 1 597 5 658 Македонска Каменица 6 439 2 649 3 141 Македонски Брод 5 889 2 111 4 093 Могила 5 283 1 691 2 835 Неготино 18 194 6 131 7 614 Новаци 2 648 855 1 395 Ново Село 6 972 2 799 6 258 Охрид 51 428 18 368 33 660 Петровец 9 150 2 511 4 136 Пехчево 3 983 1 463 2 903 Пласница 4 222 1 352 1 793 Прилеп 69 025 24 607 33 080 Пробиштип 13 417 4 903 7 880 Радовиш 24 122 8 511 11 283 Ранковце 3 465 1 323 2 654 Ресен 14 373 4 906 8 777 Росоман 3 796 1 243 1 573 Свети Николе 15 320 5 120 6 812 Сопиште 6 713 1 988 4 214 Старо Нагоричане 3 501 1 346 3 572 Струга 50 980 14 606 22 668 Струмица 49 995 17 400 24 621 Студеничани 21 970 5 119 5 574 Теарце 17 694 4 849 6 982 Тетово 84 770 23 848 30 167 Центар Жупа 3 720 1 108 2 454 Чашка 7 942 2 142 4 728 Чешиново – Облешево 5 471 1 897 3 100 Чучер – Сандево 9 200 2 762 4 426 Штип 44 866 16 695 22 590 Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗА НАСТАВНИЦИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТАТА ОСТАНУВА ПРЕПОРАКАТА ЗА НОСЕЊЕ МАСКИ БОРАЧИТЕ ОД БК „БУЧИМ“ НА ПРИЕМ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ