Претседателските кандидати со свои активности во кампањата за изборите закажани за 24-ти април.

  • Кандидатот за претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски ја заснова програмата на пет принпципи, а како што рече во Штип, на Македонија ѝ е потребен претседател обединител.
  • Кандидатката на претседател на Левица, Билјана Ванковска, од средбата со граѓаните на Карпош, порача дека ако биде избрана, ќе се залага за промена на Уставот за да биде социјален, но и ќе настојува Македонија да биде социјална држава.
  • Пендаровски и СДСМ се однесуваат како досега д биле опозиција, а не власт, рече од Радовиш кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Таа вели дека тие се бледи политичари без препознатливи дела, луѓе кои не се позитивен белег за Македонија, за разлика од политичарите од минатото.
  • Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, вечерва од митингот во Кавадарци, упати замолница до опозицијата да не репреговараат за сите договори, кои земјата ја вратиле во цивилизираниот свет, за да не се чека повторно повеќе од 20 години.
  • Кандидатот за претседател на Вреди, Арбен Таравари го почна бајрамското празнување од Саат џамијата во Гостивар и им го честиташе празникот на верниците.
  • Претседателските кандидати на Европскиот фронт Бујар Османи и на ГРОМ Стевчо Јакимовски денес немаа активности во кампањата.

 

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!