Денеска рано утрово од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се извршило примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата и започна неговата дистрибуција до 80 – те општински изборни комисии, потврдија од ДИК. – Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден, потенцираат од ДИК. Во текот на утрешниот ден, информираат од ДИК, ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација. Инаку, за претседателските избори отпечатени се вкупно 1.814.317 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во Избирачкиот список. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПОНИЖУВАЧКО ЗА ГРАЃАНИТЕ НА РАДОВИШ. ПЕТ ГОДИНИ СТЕВО ПЕНДАРОВКИ НЕ НАЈДЕ ВРЕМЕ И ДОБЛЕСТ ДА ДОЈДЕ ВО РАДОВИШ И ДА ГИ ВИДИ ЛУЃЕТО КОИ СЕ БЕДЕМОТ НА МАКЕДОНШТИНАТА, И СИГУРНО НЕЗНАЕ КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ РАДОВИШ И ПРОБИШТИП… Д-Р ФИЛИПЧЕ: ПЛАТИ И ДО 180 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ВО ЗДРАВСТВОТО