Во пресрет на 1 Мај, Левица, како единствена Партија на трудот, дава поддршка на утрешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија. Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатство за малкумина потиснувајќи го мнозинството. Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците. Левица има најопсежна и суштинска програма за трудовата политика, како ваша Партија – партија на работничкиот народ. Ни треба суштинска промена, не лажна козметика, и тоа: – 6 часовно работно време; – Укинување на договорите на определено време; – Зголемување на минималната плата на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница; – Задолжителна исплата на платите до секој седми во тековниот месец; – Задолжителна дупла дневница за работа за викенди и празници; – Повторно учество на работниците во Управните одбори на претпријатијата; – Проширување на дефиницијата за професии со бенифициран стаж за трудово интензивни професии; – Здравствено осигурување и во случај на неисплатени плати и неплатени придонеси од страна на работодавците; – Воведување на дополнително татковско отсуство, за новородено дете и многу други мерки кои ќе го вратат вашето достоинство. Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо! Пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце! Левица Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КОВАЧЕВСКИ: ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ ПОРАЗЛИЧНИ, САМО СО ГЛАС ЗА МОЖЕ ДА ОДИМЕ НАПРЕД МИЦКОСКИ: ПОБЕДАТА Е НА ДОФАТ, ДА ИЗЛЕЗЕМЕ МАСОВНО НА ИЗБОРИ, ЗАЕДНО ДА ПОБЕДИМЕ ЗА ПРОМЕНИ И ДА ГО ИСПИШЕМЕ СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ ОД ПРИКАЗНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА