Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомотосојузот на Македонија известува дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. -Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, информира АМСМ. Потсетува и дека од 15 ноември е затворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, за сите видови возила. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Доделени наградите „Караманов“ на меѓународната поетска манифестација „Караманови средби“ Промена на времето- од денес потопло и претежно стабилно време