Никола Крстев ака Лојал, хипхоп артист роден и израснат во Радовиш, кој твори повеќе од 15 години рап музика со нов видео запис за неговата нова воедно и една од социјално позначајните песни. Во текстот и видео записот е сликовито прикажана реалната и трогателна приказна на градот и засегнатоста на огромен дел од семејствата во градот и селата од егзистенционалната криза која со години наназад не’ демнее, како и мала ретроспектива на убавите времиња оттогаш кои будат спомени и изнудиваат носталгија кај старо и младо. На видео записот се работи посветено околу пола година заедно со тим, во кој секој бил задолжен за одредена цел. Идејата за видео записот е на Никола Крстев заедно со музиката, текстот и микс и аранжманот, додека аудио продукцијата е на Владо Чорев од Струмица, а зад камера и видео продукцијата стои Сашко Петров од Радовиш, а зад дрон снимките стои Љупче Ужевски од Радовиш, видео учесници се: Леон Фенов и Зорица Крстева. Целта на овој музички запис како што Лојал вели била да се допре до народот, па и до повисоките органи за со надеж да се дигне свеста за подобрување на ситуацијата за со копнеж еден ден сите заедно да се вратат во родното место – вели Никола. Горд е што конечно проектот е реализиран и веќе од неговиот исход и вооедно благодарен на сите кои допринесоа да се реализира без никакви спонзори, потпомогнато со целокупната поддршка и идеи од неговата понежна половина. Воедно тој се заблагодарува на сите кои директно и индиректно учествуваа во овој видео запис. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Тутунарите ќе бараат повисоки цени! Десет лиценцирани компании откупот на тутунот мора да го почнат до 15 декември… Одржана првата сесија од Форумите на заедницата во Конче