Градоначалникот Љупче Почивалец денес ги посети дел од локациите во населените места каде што претежно живее население од турска националност, каде во наредниот период се планира започнување и реализација на повеќе инфраструктурни проекти.

Со овие проекти ќе ги подобриме условите за живот и ќе обезбедиме подобро и поефикасно функционирање за сите наши сограѓани.

Во следниот период ќе се продолжи со посети и увид на сите планирани инфраструктурни зафати кои треба да се реализираат во населените места на општина Радовиш.

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!