Радовиш, Во Општина Радовиш вчера беше реализирано второто по ред третирање против комарци, како дел од годишната програма за дезинсекција насочена кон намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје.

Акцијата беше спроведена по земјен пат од страна на Центарот за јавно здравје -Скопје, преку Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, согласно планираните годишни активности.

Од Општина Радовиш информираат дека дезинсекцијата претставува редовна превентивна мерка што се спроведува во текот на летниот период, со цел да се намали присуството на комарци и да се обезбедат подобри услови за живот на граѓаните.

Надлежните посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на предвидените активности, во согласност со програмата и потребите на терен, со цел навремена и ефикасна заштита на населението од инсектите.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!