УХМР издаде метео предупредување: Многу топла воздушна маса доаѓа накај Македонија, активирано жолто и портокалово ниво за опасност Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност. Од денес во некои реони портокалово ниво за опасност од високи температури. Прогноза за 08.08.2019 Минимална температура: 12°C до 20°C Максимална температура: 33°С до 39°C Сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. УВ=9 Прогноза за 09.08.2019 Минимална температура: 15°C до 23°C Максимална температура: 33°C до 40°C Сончево со умерена облачност и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=8 Прогноза за 10.08.2019 Минимална температура: 13°C до 23°C Максимална температура: 34°C до 41°C Сончево и многу топло. УВ=9 Post navigation СЛЕДУВААТ УШТЕ ДВА НЕРАБОТНИ ДЕНА ФК РАКЛИШ ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКИТЕ