Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО). Во 1948 г. СЗО го одржала своето Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година. Светската здравствена организација приредуваше секоја година меѓународни, регионални и месни настани со извесна тематика која е важна за таа година. Медицинските сестри и акушерки имаат важна улога во одржувањето на здравјето на населението во светот, стои во пораката на Светската здравствена организација по повод 7 април, Светски ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки”. – Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО. Post navigation Радовиш во изминатите денови беше домаќин на завршницата од Одбојкарскиот куп на Македонија Денеска ЈЗУ „Здравен Дом“ од Радовиш го одбележа „Светскиот ден на Здравјето“