Ајдучката трева која многу добро е позната помеѓу треварите и луѓето кои се занимаваат со алтернативен начин на лекување, е тревка која има огромно позитивно дејство врз здравјето на луѓето. Тревката е распространета низ цела Европа и расте покрај патишта, по умерено влажни ливади и полиња и на каменети места каде има континентална клима. За време на цутењето од мај до јуни се собираат цветовите и горниот дел од билката. Отсечените делови се врзуваат во китки и се сушат во проветрени места. Вака добиениот сув лек има ароматичен мирис и по малку горчлив и малку солен вкус. Бидејќи стеблото не содржи лековити состојки, подобро е да се употребуваат само листот и цветот. Поради тоа билката со поголемо стебло е помалку ценета. Сувата билка се пакува во вреќи од јута или во картонски кутии и се чува заштитена од светлост една и пол година. Поради големото количество горчливи материи и етерично масло, ајдучката трева се вбројуваа во горчливите лекови. Се користи во облик на чај за подобрување на апетитот, при желудочни тегоби, надуеност и тешко варење. Надворешно ајдучката трева се употребува слично како камилицата, за испирање, како купка и за облоги. Поради огромното присуство на витамин Ц се дава при крвавење и хемороиди. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Тестенините го намалуват индексот на телесна маса… Пастрмка подготвена на Скара со жар!