Општина Радовиш објави Јавен Конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година Во Репението од Јавниот Конкурс се вели: Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе: Р Е Ш Е Н И Е за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, организации од невладиниот сектор, образовни, спортски и културни установи и останати асоцијации на граѓани од општина Радовиш во сите сфери на општествениот и стопанскиот живот во општина Радовиш кои што постигнале вонредни резултати и успеси во својата дејност во 2020 год. Потребни документи за поднесување се : – Лични податоци за предложеното физичко или правно лице; – Образложение за предлогот по конкурсот; -Список на добиени награди и признанија во тековната 2020 година и копија од добиените награди (ако ги има добиено); Период за доставување на документите од 15.10.2020 год. заклучно со 27.10.2020 год. Документите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2020 год. Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани. Градоначалник: Герасим Конзулов Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПОСКАПИ ГОРИВА ОД ВЕЧЕРВА ПОВРЗУВАЊЕ НА „ПРНАЛИЈА-СУПУРГЕ“ СО НОВ ПАТ – наскоро започнуваат работите на овој локален пат