Општина Радовиш распиша Конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2021 год. во конкурсот се вели: Се распишува јавен конкурс за распределба на средства на спортските клубови, здруженија и сојузи од Буџетот на општина Радовиш за 2021 година ; Потребни документи за поднесување се : – Програма за работа со финансиски план за 2021 година (усвоен од Управен одбор) ; – Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш во текот на 2020 година (усвоен од Управен одбор) ; – Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра); Забелешка: Спортските клубови и здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра дополнително да достават копија од завршна сметка (до крај на м. Март 2021 г.) – Решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или Потврда од федерација (копија); – Копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М.; – Потврда за отворена и активна жиро сметка. Период за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 17.02.2021 год. Повеќе за конкурсот на следниот линк: Конкурс Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] [metaslider id=”9079″] Post navigation ДОДЕКА СЕ ПРОШИРУВА ПАТОТ ШТИП-РАДОВИШ СООБРАЌАЈОТ ДА НЕ СЕ ОДВИВА НИЗ ШТИП ПРОДОЛЖУВА ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА СТРАНЦИ ВО ГРЦИЈА