ФК Детонит Плачковица во недела на 18 септември со почеток од 15 часот ке го одигра 5-то коло во Втората фудбалска лига на Македонија. На градскиот стадион во Радовиш гостува екипата на ФК Аресими од Чегране. Од управата најавуваат интересен натпревар и освојување на нови три бода. Претходното коло ФК Детонит Плачковица го претрпе првиот пораз оваа сезона, и тоа во Гевгелија од екипата на ФК Кожуф. Нашиот клуб во овие четири одиграни кола е на четвртата позиција на табелата со 7 бодови, две победи, еден пораз и еден нерешен резултат. Победата во недела е потребна за да се врати моралот и супериорноста на нашиот клуб, од управата упатуваат покана до сите љубители на спортот и фудбалот во недела заедно сите да бидат на стадионот и им дадат поддршка на нашите фудбалери. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ РК РАДОВИШ ВО САБОТА ВО ТРЕТИОТ НАТПРЕВАР