Почитувани крводарители, Општинска организација Радовиш Ве поканува да земете учество на крводарителската акција која ќе се одржи на 11.03.2025 година (вторник) во просториите на ОО Црвен крст Радовиш со почеток од 11:00 до 16:00 часот. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно. Ве очекуваме, Факти за крводарувањето:– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.Црвен крст, општинска организација Радовиш Post navigation ФК Серта од Конче стартува со активности после неколку децении, запишани се околу 70 деца од сите населени места… Во четврток ќе биде одбележан „80 годишниот јубилеј“ од формирањето на Црвен крст на Македонија