Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно. Според анкетата на МКД-МК, убедливо водство и на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока. Од СДСМ со реакција-власта спроведува политички спин и пропаганда. Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер е со рејтинг од речиси 27 проценти. Претседателот на најголемата опозициска партија, Венко Филипче има доверба од 4,7 насто од испитаниците. Од албанскиот политички блок со највисок процент на доверба и натаму е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 6 проценти. Ова го покажува анкетата на МКД-МК, спроведена заедно со агенцијата „Маркет Вижн“. Претседателите на партиите од коалицијата „Вреди“, Меџити и Касами имаат по речиси 2 насто, а Гаши еден процент. Претседателите на ЗНАМ и на Левица, Димитриевски и Апасиев се изедначени со по 3 проценти. ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред политичките противници. Дури 23,8 насто од испитаниците се изјасниле дека на следните избори ќе гласаат за владејачката партија. Опозициската ДУИ е во мала предност пред вкупниот резултат на владината коалиција „Вреди“. Споредбено со минатите истражувања пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ имаат раст, а благ пад има Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно. Според анкетата на МКД-МК, убедливо водство и на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока. Од СДСМ со реакција-власта спроведува политички спин и пропаганда. Вистинските анкети ќе се видат на локалните избори, кога незадоволството на народот ќе се претвори во јасна порака против оваа неспособна и расипничка власт, стои во реакцијата од Бихаќка. „Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда“, велат од СДСМ. Анкетата е спроведена од 20 јуни до 4 јули годинава, телефонски со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Post navigation Пристига во Македонија Африканскиот жежок бран! Достапно онлајн закажувањето за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош