Спроведена активност на ОО Црвен Крст Радовиш за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Радовиш при топлотен бран. Поради високите температури нашите волонтери излегоа на терен и поделија вода и флаери за превенција и заштита ,,КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН“. Препорака од Институтот за Јавно здравје и метео алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се советуваат сите граѓани: -да не излегуваат за време на најтоплиот период од денот од 10 ч. до 17 ч. – избегнувајте напорни физички активности на сонце – постојано внесувајте течности – избегнувајте мрсна калорична храна – носете светла лесна облека и заштитни очила и капа -aко чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош; Напиjте се вода за да се рехидрирате!!! ОО Црвен Крст Post navigation Се комплетираат издигнатите пешачки премини на улиците во Радовиш, како мерки за смирување на сообраќајот Речното корито на Ораовичка река ќе биде комплетирано и завршено-Потпишан договорот за финансирање на проектот „Регулација на дел од речното корито на Ораовичка река„