На 30.07.2025 во 16.25 часот во село Тополница, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.У.(37) од село Тополница. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворното место биле пронајдени седум стебла од растението канабис и предмети за нивно одгледување, додека во куќата биле пронајдени 70 семки од канабис и марихуана. Исто така, во домот биле пронајдени и шест ловечки пушки, еден револвер и еден пиштол. На 30.07.2025 во 20.45 часот во населба Дамјан, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Д.(36) од Радовиш. При претрес во домот во кој престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, а за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави. МВР Post navigation Прв тренинг од подготвителниот период пред почетокот на новата сезона за РК Радовиш Почит и свежо цвеќе по повод утрешниот голем национален празник „ИЛИНДЕН„