Пријавена масовна тепачка во која учествувале четири лица. Според информациите на МВР, на 6 септември околу 20:30 часот на улицата „Мирче Ацев“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир по претходна расправија.

Во физичката пресметка учествувале Ѓ.О. (45) и З.С. (41) од една страна и Џ.А. (41) и Е.А. (36) од другата страна, сите од Радовиш. При тепачката Џ.А. користел и дрвен предмет.

Дополнително, истиот ден во 22:30 часот, Е.А. пријавил дека претходната вечер, на 5 септември околу 21:30 часот, бил физички нападнат од Ѓ.О.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

*фото Архива

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


error: Содржината е заштитена !!