За локалните избори кои се планирани да се одржат на 19 октомври во трката за советници ќе барат гласови 7 листи од политичките партии кои сеуште сите не се официјално потврдени од ДИК, но за прв пат без независни листи. 

  1. За ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ носител е Гордана Здравкоска, втор на листата е Гоце Дединец, трета е Светлана Василева.
  2. ТДП-Турската демократска партија носител го избра Селман Јусуфов, втора е Еџе Омерова, трет на листата е Емин Алиов.
  3. СДСМ со коалицијата за Радовиш го предложи Герасим Конзулов, втора е Симона Цветаноски, трета на листата е Офелија Илиева.
  4. Политичката партија Левица во Радовиш ќе наспати со носител Љупка Трајкова, втор на листата е Ѓорѓе Бораниев трет Александар Чапов.
  5. ТМРО во Радовиш поднесе листа со носител Снежана Панчева, втор е Сашко Панчев, трет е Благој Сарафимов.
  6. Ново политичко име на локалните избори се појавува Граѓанското движење политичка партија „ГРИН“ со носител Илија Сусинов, втор е Марија Валакова, трето место на листата од оваа партија е Мануела Димитровска.
  7. ЗНАМ за Радовиш ги преложи: Носител Столе Николов, Маријана Митева е втора, трета позиција е Виолета Георгиевска.
Извор: ДИК

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!