По повод „Меѓународната недела на борба против глаукомот“, во ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш беа спроведени бесплатни превентивни прегледи за откривање на глауком, односно покачен очен притисок.

Во интервју за нашиот информативен портал, директорот на установата Стојанче Петров истакна дека глаукомот е едно од најопасните очни заболувања, бидејќи најчесто се развива без изразени симптоми.

„Глаукомот често се нарекува ‘тивок крадец на видот’, бидејќи пациентите во почетната фаза најчесто немаат никакви тегоби, а оштетувањето на видот може да напредува незабележливо. Затоа превентивните прегледи и навременото мерење на очниот притисок се од исклучително значење“, истакна директорот Петров.

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш апелираат граѓаните, особено лицата над 40 години и оние со фамилијарна историја на глауком, редовно да прават офталмолошки прегледи, со цел навремено откривање и спречување на трајно оштетување на видот.

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!