Рудникот Бучим распиша огласи за вработување Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање: Вработување на Пробар РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Учествува во припрема на работно место Врши подготовка и одбележување на теренот каде ќе се опробува или ќе се врши експлоатација. Врши поставување и зацврстување на пвц платно на патос каде ќе се врши опробување. Врши опробување на материјалот по дадени инструкции. По завршување на опробувањето , се собира во платнена торба,и внатре се внесува запис на кој мора да стојат податоци од каде е земена пробата; Врши утовар и истовар на материјали поврзани со јадрото Сечење на јадрото. Припремање, чистење и подмачкување на приборот за сечење јадро Извршува монтажа и демонтажа на приборот за сечење јадро и машината Припрема и транспорт на избушеното јадро до лабораторија Складирање на јадрото во посебна просторија и магацин Извршува и други работи по налог на непосредниот раководител во рамките на своите квалификации и работни способности ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: ССС (предност ќе имаат кандидати со завршено рударско, геолошка – металуршка струка); Подготвеност за работа на терен; Возачка дозвола Б-Категорија ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во дневна смена од понеделник до петок: 08:00 – 16:00 часот Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Пробар”. Краен рок за поднесување на апликации: 20.03.2026 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Вработување на Инженер конструктор РАБОТНИ ЗАДАЧИ Управување и организација Проектира, развива и подобрува механички конструкции и алати; Подготвува техничка документација (цртежи, спецификации, 3D модели); Координира технички активности со производствените и секторите за одржување; Учество во анализа на дефекти и изнаоѓање решенија за технолошки подобрувања. Планирање Учествува во стратешко и оперативно планирање за механичка опрема и конструкции; Предвидува технолошки подобрувања и реконструкции на постоечка опрема. Анализи, информации, прегледи и извештаи Изготвува технички и економски анализи за нови решенија; Подготвува извештаи за изведени проекти и предлага иновации. Интерна соработка Соработува со машински инженери, техничари и оператори; Да обезбеди техничка поддршка при изработка и монтажа на алати. Законска регулатива и процедури Обезбедува усогласеност со технички стандарди (ISO, EN, ASME) и законска регулатива во областа на проектирање и безбедност. Управување со документација Води евиденција на изработени цртежи, проекти и прототипи; Архивира техничка и проектна документација. Проекти Самостојно спроведува или учествува во имплементација на инженерски проекти; Следи и имплементира нови инженерски практики и технологии. Законска регулатива и процедури Учествува во подобрување на процедури за инженерско проектирање; Вклучен во воведување на стандарди за дизајн, ергономија и одржливост. Друго Врши и други задачи по налог на претпоставениот. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: ВСС – Машински факултет; Познавање на AutoCAD, SolidWorks 3D; Познавање на MS Office пакет; Познавање на Англиски јазик ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Од понеделник до петок во временски период од: 08:00 – 16:00 часот Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Инженер конструктор”. Краен рок за поднесување на апликации: 20.03.2026 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СОУ „ Коста Сусинов“ и „Петро Кузмјак “ од Руски Крстур, Србија во заеднички проект кој е наречен „СПОРТ ЗА СИТЕ“ . Советниците денеска со 12-та работна седница