По повод утрешниот прв ден на пролетта, денеска вработените од општинската администрација на Радовиш реализираа акција за пошумување на опожарените површини од 2024 година, на локацијата кај Штурово. Во оваа акција тие се приклучија кон редовното планирано пошумување во рамки на програмата за проширена репродукција на ЈП „Македонски шуми“ и МЗШВ. На акцијата се приклучија и вработените од ЈП „Плаваја“, кои заедно со учениците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ засадија нови садници на повеќе локации низ градот, при што истите беа соодветно заштитени со огради. Вработените од подружницата „Македонски шуми“ – Плачковица изминатиот период активно работеа на расчистување и подготовка на теренот за пролетното пошумување. Утре пристигнува пролетта – најубавиот период од годината, симбол на нов почеток, раст и обновување. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Утре петок е неработен ден по повод Рамазан Бајрам Пролетта пристига – започнува најубавиот период од годината!