ЈЗУ „Здравствен дом“ – Радовиш, по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, денеска организираше бесплатни прегледи за мерење на крвен притисок и нивото на шеќер во крвта на градскиот плоштад во Радовиш.
Акцијата беше со цел подигање на свеста кај граѓаните за значењето на превенцијата и редовната контрола на здравјето. Голем број граѓани ја искористија можноста за бесплатен преглед и совет од здравствените работници.
Од установата информираат дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина, со цел навремена превенција и подобрување на јавното здравје.

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!