Министерството за внатрешни работи воведува строги контроли и стандарди за изгледот во своите простории. Нов и ригорозен Кодекс за облекување стапува на сила веднаш, а правилата важат подеднакво за сите граѓани кои го посетуваат Одделот за граѓански работи, како и за сите вработени во институцијата! ШТО СЕ ЗАБРАНУВА НА ШАЛТЕРИТЕ?Според новите правила, доколку не сте облечени пристојно, може да бидете вратени и да не ви биде овозможено да ги извршите административните услуги.На шалтерите за сликање и подигање документи НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРА: Бермуди и кратки панталони Мини-здолништа и премногу отворена облека Маици со гол папок и голем деколте Влечки, папучи и несоодветни обувки Се враќа дигнитетот на државните институцииОд МВР јасно потенцираат дека како јавен сервис, соодветниот изглед придонесува кон подобра работна атмосфера и меѓусебна почит.„Ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции“, се вели во официјалното соопштение од МВР. Исти правила без исклучок и за вработените!Раководството на министерството испрати јасен налог и до својот кадар. Сите вработени во Одделот за граѓански работи се задолжени доследно и во целост да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.Спречете непријатности, споделете ја информацијата со вашите пријатели и појавете се во пристојно издание на шалтерите! АНКЕТА: Каков е вашиот став?Дали го поддржувате забранувањето на бермуди, влечки и разголена облека при посета на МВР? – Да, крајно време беше да се воведе ред и пристојност во институциите! – Не, секој треба да има право да се облече како што сака на овие горештини. – Треба да важи строго за вработените, а граѓаните да не се условуваат.Кажете ни го вашето мислење во коментар! © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 97% од граѓаните сè уште не ја потврдиле даночната пријава – рок до 1 јуни! Патронен празник во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица