Нашите фудбалери денеска одиграа одличен натпревар против ФК „Работнички“, освојувајќи заслужен бод со конечни 0:0.

По серијата послаби резултати и промената на тренерската позиција, ФК „Детонит Плачковица“ полека го пронаоѓа вистинскиот ритам. Денешното реми добива дополнителна тежина ако се знае дека противникот е минатогодишен прволигаш, екипа со високи амбиции за враќање во Првата лига и високо позиционирана на првенствената табела.

Борбена игра, цврста одбрана и големо срце на теренот! Ова е охрабрувачки сигнал и поттик за продолжението од првенството.



© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!