Хроника

  • ДЕДО И ВНУК ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ РАДОВИШ-СТРУМИЦА
    Posted in: Вести, Хроника

    Дедо и внук од радовишкото село Лубница, општина Конче се повредени утрово околу 10 часот во сообраќајна несреќа, што се случи на патот Радовиш-Струмица. Во возилото биле 21-годишниот внук и неговиот дедо (71). Дедото е задржан во штипската болница, а внукот е префрелен во Клиничкиот центар во Скопје. Според првичните сознанија нивното возило се превртело […]

  • (Фото) ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ КУЌАТА НА ФАМИЛИЈА АНЧЕВИ
    Posted in: Вести, Хроника

    Во текот на вчерашниот ден голем пожар ја зафати семејната куќа на фамилија Анчеви на улица Ана Поцкова во Радовиш. Денес истражни екипи беа на увид и ја утврдуваа причината за настанатиот пожар, а исто така Градоначалникот Конзулов ја посети оваа фамилија која ги снајде оваа несреќа. Семејството Анчеви замолува и бара помош од сите […]

  • КИДНАПИРАЛ, И ОБЉУБИЛ ТИНЕЈЏЕРКА
    Posted in: Вести, Хроника

    Во четвртокот во Полициска станица Штип приведен и задржан е 30-годишниот С.С. од село Бучим. Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека на 31.10.2018 година заедно со уште три непознати лица насилно ја внеле во возило 18-годишната Ј.А. од село Јунузлија општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во […]

  • Радовиш: СО СЕКИРА И НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА ВОНБРАЧНАТА ПАРТНЕРКА, СЛЕДНИОТ ДЕН БИЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВ
    Posted in: Вести, Хроника

    И.Д.(63) од Радовиш пред два дена со тешки телесни повреди била донесена во ЈЗУ Радовиш по што истата била префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. -По преземени мерки, било утврдено дека околу 20 часот, во Радовиш на улица „Калаузлиска“  во куќата на И.Д. дошол Ш.Х. (40), со кого истата претходно живеела во вонбрачна заедница, […]

  • КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА „ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА“
    Posted in: Вести, Хроника

    Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.Р. 40-годишниот А.Р. 43-годишниот Т.Р. и  53-годишниот А.З. сите од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“ . На 22.09.2018 година околу 19,45 часот во Радовиш на улицата „Шаин Маале“, пријавените, со патничко возило му го попречиле патот на Е.Д. кој […]

  • ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД ОРАОВИЦА
    Posted in: Вести, Репортажа, Хроника

    Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Радовиш-Подареш во близина на с.Ораовица. -Во несреќата учествуваат патничко моторно возило „Голф 3“ со радовишки регистерски таблици и патничко моторно возило „Митсибуши“ со бугарски национални ознаки – информираат од МВР. Едно лице се здобило со тешки телесни […]

  • КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДВЕ ЛИЦА ОД РАДОВИШ ПОРАДИ ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАВАЊЕ ДРОГА
    Posted in: Вести, Хроника

    Надворешната канцеларија за криминалистички работи -Радовиш, до ОЈО-Струмица, поднесе кривична пријава, против две лица од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија. Надоворешната канцеларија за […]

  • КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА СТРУМИЧАНИ И РАДОВИШАНИ ЗА СТОРЕНИ 14 КРИВИЧНИ ДЕЛА
    Posted in: Вести, Хроника

    Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против С.Р. (26) од Радовиш, В.Ј. (23) од Радовиш, А.С. (40) од село Старо Балдовци, Струмичко, А.Ш. (24) од Радовиш и А.Ф. од село Старо Балдовци, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле […]

  • 18 МИГРАНТИ ОТКРИЕНИ НА ПАТОТ РАДОВИШ-НЕГОТИНО
    Posted in: Вести, Македонија, Хроника

    Oсумнаесет мигранти од Пакистан и Авганистан синоќа по полноќ биле откриени во возило кај Неготино. „На регионалниот пат Неготино – Радовиш, во близина на полигонот кај с.Пепелиште, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „Опел синтра“ со штипски регистарски ознаки. Возачот нагло го запрел возилото и побегнал. Во наведеното возило биле откриени 12 лица […]

  • ДВАЈЦА ДРВОКРАДЦИ СЕЧЕЛЕ ДРВА НА ПЛАЧКОВИЦА
    Posted in: Вести, Хроника

    Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против И.К.(27), Ф.Х.(42), Џ.И.(29) и Ф.Ш.(36), сите од Радовиш, за сторено кривично дело “кражба“. На 13.06.2018 година околу 17,00 часот на планина Плачковица, кај местото викано Иланица, од страна на полициски службеници, пријавените биле затекнати при транспорт на дабови дрва, за кои немале соодветна документација.

Временска прогноза