Повод за средбата беше нивниот успешен настап на Државното првенство во кик-бокс, кое изминатиот викенд се одржа во Скопје, каде што освоија повеќе златни, сребрени и бронзени медали. За дел од младите борци ова беше и прво официјално натпреварувачко искуство, во кое за првпат го почувствуваа адреналинот во рингот.

Градоначалникот Почивалец упати честитки и до Мирче Василев за освоената титула и шампионскиот појас, кој го освои во земјата на Muay Thai   -Тајланд, на престижниот Bangla Boxing Stadium, со што донесе значајно признание за Македонија.

Посакувајќи им уште многу спортски успеси, градоначалникот им се заблагодари што достојно го претставуваат Радовиш и Македонија, нагласувајќи дека локалната самоуправа секогаш ќе ги поддржува младите и перспективни спортисти.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!