Субвенции за градинарите – Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници. Станува збор за исплата кон 11.393 корисници кои при аплицирањето за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања пријавиле земјоделски површини на кои се обработуваат градинарски култури или ароматични, зачински и лековити растенија. Вкупната финансиска поддршка која што е исплатена кон оваа категорија на земјоделски производители изнесува 221.229.139 денари. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ