Виталните стогодишници од пакистанската долина Хунза се добар пример на делувањето на природната медицина. Тајната на нивната долговечност се крие во едно овошје – кајсија. Здравствените користи на ова овошје се навистина импресивни! Кајсијата често ја нарекуваат „кралско овошје“. Долго време се сметало дека нејзина татковина е Ерменија. Подоцна е утврдено дека најпрвин се одгледувала во Кина, од каде Александар Македонски ја донел во овие подрачја. Во тој период кајсијата била позната како „Златен плод на Сонцето“. Јадејќи ги оревите и сувите кајсии жителите на долината Хунза доживееле длабока старост. Маслото од коската на кајсијата кое некогаш се користело за готвење се помалку е во употреба, а помладите жители се повеќе се подложни на седење и неактивност. Овошје за долговечност Локалниот доктор Кваџа Кан, изјавил за британскиот Independent: ″Овие луѓе беа многу витални. Доколку би ги преживееле детските заболувања, би имале екстремно долг и продуктивен живот″. Освен чистиот воздух и планинската клима влијанието на кајсијата и маслото од нивната коска често се поврзувал со долгиот и квалитетниот живот на жителите. Здравствените предности на кајсијата се препознаени и на запад. Добри се против запекот, различите кожни проблеми, болки во мускулите, болки во увото … Единение кое се добива од коската на кајсијата и на илјада други билки е амигдалин од кој се од едноставната екстракција добива и Леатрил или Б17. Околу ова се водеше голема расправа и се води теорија на завера. Иако е забранет од 1971. година во САД, Б17 и понатаму некои го нарекуваат вистински лек против ракот. До забраната дојде затоа што содржи опасни дози на цијанид. Овие тврдења некои стручњаци ги негираат тврдејќи дека на фармацевтската индустрија и е цел да ги исклучи од пазарот сите вистински, ефикасни и евтини лекови. Здравствените придобивки од кајсијата: – Тие се ниско калорични но се богати со витамини А, Б2, Б3 и Ц, како и со корисни природни шеќери. – Содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје. – Познатиот блиско источен доктор Avicena/Ibn Sina (980-1037) пишувал за големата лековитост на ова овошје. – Сокот од кајсија е добар извор на калциум и железо и тоа е причината зошто се препорачува на бремените жени и на малите деца. Природниот 100 постотни сок (150милилитри) ги задоволува нашите дневни потреби за каротин. – Сувите кајсии им (100-150 грама на ден) се препорачуваат на деца и на повозрасните луѓе како природен лек. – Сувите кајсии се богати со калиум карбонат кој е потребен за луѓе кои патат од различни срцеви проблеми, посебно аритмија. -Подобрените функции на мозокот поради високата содржина на магнезиум и фосфор. Овие елементи можат да помогнат во нормализацијата на крвниот притисок. – Позитивно влијаат на нашите очи. Кајсиите содржат добри количини на витамин А па можат да го подобрат видот. – Сокот може да ја намали киселоста во желудникот и да ги намали симптомите како што е надуеноста. – Чајот од кајсија ги намалува болките поврзани со проблемите на пробавниот систем. – Кајсијата е совршен диуретик. За максимален ефект се препорачува 70 до 80 грама сок од кајсија 6-7 пати дневно. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПИПЕРКА: Зеленчук и лек! МАЛИНИ: Oвошје полно со витамини!