На 23.06.2018 година околу 18,00 часот на локалниот пат с.Брест-регионален пат Штип-Радовиш, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило “Голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од с. Брест и патничко моторно возило “Фиат Пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице. Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото “Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле возилото и избегале оставајќи го нивното возило на лице место. Одземеното возило “Голф 3“ било пронајдено во близина на с.Брест. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот – истакнуваат од МВР. Post navigation ППК „РАДОВИШ“ ОБЕЗБЕДИ ПЛАСМАН ВО ПОВИСОК РАНГ НАТПРЕВАРУВАЊЕ РК РАДОВИШ СЕ ЗАСИЛИ СО МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА ЦРНА ГОРА