Во свечена и достоинствена атмосфера, исполнета со почит и благодарност, се одржа манифестацијата за доделување на годишни награди за професори и наставници, посветена на оние кои со својата работа, посветеност и знаење оставаат траен белег во образованието. На настанот беа одликувани наставници и професори кои во текот на изминатата година се истакнаа со професионалност, иновативност, успешна работа со учениците и значаен придонес во развојот на воспитно-образовниот процес. Присутните имаа можност да уживаат во свечена програма, инспиративни обраќања и моменти исполнети со емоции и искрено признание за трудот на просветните работници – луѓето кои ја градат иднината на новите генерации. Признанијата ги додели градоначалникот Љупче Почивалец, кој им упати честитки и благодарност на сите наградени за нивната несебична работа и посветеност во образованието. Честитки до сите добитници на наградите и благодарност за љубовта, трудот и енергијата што секојдневно ја вложуваат во воспитувањето и образованието на младите генерации. Образованието е темел на секое успешно општество, а наставниците и професорите се неговата најголема сила – истакна Почивалец во своето обраќање пред присутните. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Радовиш ќе биде домаќин на 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“