ЈЗУ „Здравствен дом“ – Радовиш, по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, денеска организираше бесплатни прегледи за мерење на крвен притисок и нивото на шеќер во крвта на градскиот плоштад во Радовиш. Акцијата беше со цел подигање на свеста кај граѓаните за значењето на превенцијата и редовната контрола на здравјето. Голем број граѓани ја искористија можноста за бесплатен преглед и совет од здравствените работници. Од установата информираат дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина, со цел навремена превенција и подобрување на јавното здравје. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Обновување на хоризонталната сигнализација во Радовиш По повод 7 Април-Светскиот ден на здравјето, во ЈЗУ „Здравствен дом“ – Радовиш беа домаќини на најмладите гости од градинка