Денес во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш беше отворена изложбата од „27-та Лесновска ликовна колонија“. Минатата 2018 година во Лесново, Пробиштип на оваа ликовна колонија учествуваа уметниците: Ѓоко Антониев, Христина Стојчевска, Тони Чатлески, Ангел Коруновски од Македноија, Олга Панкина, Светлана Владимирова Орлова и Светлана Еланцева од Русија, Немања Јовановиќ и Јелена Тамбуриќ од Србија и Маријана Везарова од Бугарија. Уметниците престојуваа во Лесново, а нивна инспирација беше Лесновскиот манастир, пештерските цркви, пештерите од каде што се вадел прочуениот воденичарки камен, вулканскиот кратер и прекрасната природа што го опкружува овој амбиент. Нашите граѓани имаат можност да ги погледнат делата изработени од овие уметници во наредните денови. Post navigation ИЗЛОЖБА ОД „ЛЕСНОВСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“ ФК ДЕТОНИТ СО РЕМИ ПРОТИВ ФК ТИКВЕШ