Општина Радовиш распиша Конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2024 год. во конкурсот се вели: Се распишува јавен повик за распределба на средства на спортските клубови, здруженија и сојузи од Буџетот на општина Радовиш за 2024 година ; Потребни документи за поднесување се : -годишна програма за работа и финансиски план за 2024 год.; -извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2023 год.; -копија од завршна сметка (за спортските клубови и здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра); -копија од решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или потврда од федерација; -копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци); -потврда за отворена и активна жиро сметка. Период за доставување на документите е 14 (четиринаесет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 18.01.2024 год. Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : За јавен конкурс бр. Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЈАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ВРНЕЖИ ОД ДОЖД НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ